Македонскиот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци на социјалните мрежи објави дека потпиша договор со нов спонзор.
Градскиот ракометен клуб Тиквеш и Винарска визба ,,Тиквеш“ потпишаа договор за спонзорство за 2024 година.
“Горди сме што еден од најдобрите брендови кој потекнува од нашиот град, а е светски препознатлив бренд ќе биде дел од нашата приказна. Ова ни дава поттик да продолжиме да работиме и да бидеме уште подобри”, – изјавија од ГРК Тиквеш 2014.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷