Екипата на Тиквеш одигра нерешено против тимот на Алкалоид со резултат 31-31 во 1. коло од плеј-офот во Супер лигата.
На полувреме двете екипи заминаа со нерешен резултат од 16-16. Во второто полувреме беше неизвесно и драматично, иако Алкалоид имаше водство во последните секунди, тимот на Тиквеш успеа да се избори за реми.
Најефикасен во тимот на Тиквеш беше Страхиња Симиќ со девет погодоци, додека кај екипата на Алкалоид најефикасен беше Иван Џонов со шест погодоци.
(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷