Екипата на Тинекс Пролет излезе со соопштение во јавноста за Аларов и Јагуриновски

Екипата на Тинекс Пролет излезе со соопштение за јавноста за ракометарите Михаил Аларов и Томислав Јагуриновски, кои имаа потпишано договори со Вардар 1961.

“Управниот Одбор на АД Ракометен клуб Тинекс Пролет изразува големо задоволство од игрите и резултатите на нашата екипа во првиот дел од натпреварувачката сезона. Освоеното второ место во групата од Супер лигата е доказ за квалитетната работа во изминатите мсеци и максималното залагање на сите ракометари за исполнување на заедничката цел – излез во ракометна Европа.
 
Пред Тинекс Пролет се наоѓаат сериозни предизвици во натпреварувањето во плејофот, но како и секогаш досега, подготвени сме на спортска борба за бодови и надигрување со сите противници. Финансиите не се никаков проблем, буџетот е стабилен, а ваучерот за 2022 година целосно наплатен, за што јавно упатуваме благодарност до спонзорите и помагателите на нашиот ракометен колектив. Со тоа се овозможува дополнителна сигурност и стабилност, по што ракометарите ќе можат да се насочат кон она што е најважно за нив – тренинзите и натпреварите во дресот на Пролет.
 
Добро познато е дека двајца наши ракометари, Томи Јагуриновски и Михаил Аларов, по одличните настапи за Тинекс Пролет во првиот дел од сезонава потпишаа договори со РК Вардар почнувајќи од сезоната 2023/24. Ние сме горди што имаме двајца исклучителни професионалци во своите редови и желба на сите во клубот е Јагуриновски и Аларов да ја доиграат сезоната во РК Тинекс Пролет и да помогнат во остварувањето на клупските цели.
 
Потсетуваме дека и двајцата ракометари имаат валидни договори со РК Тинекс Пролет до јуни 2023 , по што од срце ќе им посакаме многу среќа во преселбата во таборот на „црвено-црните“.
 
„Јавна тајна“ е дека Вардар сака да ги доведе Аларов и Јагуриновски додека тие се уште се под договор со Тинекс Пролет, но на нашиот скопски ривал треба да му е јасно дека тоа не може да се оствари без соодветна отштета, нешто што е сосема нормална работа во светот на спортот при трансфери на играчи од еден во друг клуб”, – се вели во соопштението од Рк Тинекс Пролет.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести