Екипата на Чаир го доби дерби дуелот со Металург, откако на домашен терен го совлада со 35-28 во плеј-офот од Женската Супер лига.
Тимот на Чаир од почетокот на натпреварот беше во водство, па така немаше проблеми околу победата против Металург.
Најефикасна во составот на Чаир беше Теодора Гулицоска со седум гола, додека кај екипата на Металург најефикасни беа Михаела Кралева и Мила Трајковиќ исто така со по седум гола.
(фото – ЖРК Чаир)📷