Ракометарите на Јехона славеа победа на домашен терен против екипата на Преспа од Ресен со 32-28 во натпревар од Првата лига.
Јехона од почетокот на натпреварот го имаше водството, на полувреме замина со предност од четири гола разлика 15-11. До крајот на натпреварот Јехона го држеше водството, а Преспа немаше сили да возврати и мораше да се задоволи со пораз.
Најдобар стрелец кај Јехона беше Адис Салиу со девет погодоци, додека кај составот на Преспа најдобар стрелец беше Андреј Божиновски со девет погодоци.
Рк Јехона 32-28 Рк Преспа 2015
(фото-Рк Јехона)📷