Денеска во Прилеп беше отворен седмиот меморијален турнир “Миле Нешкоски” кој се одржува во чест на македонскиот ракометар Миле Нешкоски.
Управата на Рк Прилеп, организаторот, градоначалникот на Прилеп и екипите кој учествуваат на турнирот, семејството на Миле Нешкоски положија цвеќе пред споменикот на ракометарот, кој се наоѓа пред Универзалната сала во Прилеп.
Градоначалникот на Прилеп најави дека во иднина можно е Универзалната сала да го носи името на Миле Нешкоски.
(фото-Рк Прилеп)📷