Во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше извршена ждрепка за Европскиот Куп во женска и машка конкуренција.
Екипите на Чаир, Металург Автокоманда и Куманово ги дознаа противниците за Европскиот Куп.
Тимот на Чаир ќе игра против екипата на Ајдовшчина од Словенија, додека Металург Автокоманда ќе игра против Диферданж од Луксембург.
Ракометарките на Куманово за противник во Европскиот Куп го добија тимот на Каскада Гарлијава од Литванија.
(фото – ЖРК Чаир)📷