Екс тренерот на Еурофарм Работник, Ѓорѓе Чирковиќ е нов тренер на Партизан

Поранешниот тренер на Еурофарм Работник, Ѓорѓе Чирковиќ е нов тренер на Партизан од Србија.

Тој потпиша договор со екипата на Партизан на три години. Тренерската кариера ја започна во Констанца, потоа беше дел од Еурофарм Работник.

„Да дојдеше поканата за враќање во Србија од друг клуб, тешко дека ќе ја прифатев понудата. Јас како играч две години го носев црно-белиот дрес, па тоа беше одлучувачки фактор. Во претходните години, со оглед на околностите и буџетот, Партизан функционираше максимално. Кога ќе се погледнат резултатите и буџетот, ако најдобриот тренер на светот го водеше тимот, не можеше да биде подобро од постигнатото. Повикот од Управата дојде наеднаш, но брзо се договоривме”, – изјави тренерот на Партизан, Ѓорѓе Чирковиќ.

(фото – Рк Партизан)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести