Елена Вучевска и Наталија Манева нови засилувања на Овче Поле Славјански Универзитет

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет, која има високи амбиции за следната сезона во Женската Супер лига се засили со две ракометарки.

Клубот ги врати во своите редови и пикерот Елена Вучевска, како и центарот Наталија Манева, кои минатата сезона настапуваа за Астибо.

Со нивното враќање, тимот добива значителен квалитет и стабилност во играта, што претставува важен чекор кон поставените цели за новата натпреварувачка година.

(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *