Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Елмир Граџан во новата сезона ќе има нов клуб.
Елмир Граџан кој има 28 години и настапува на позицијата пикер, потпиша договор со екипата на Олимпијакос на една година.
Граџан настапуваше за Еурофарм Пелистер, а има настапувано и за Борац Бања Лука и Горажде.
„Многу сум среќен што доаѓам во Олимпијакос, шампионскиот тим на Грција. За мене е голема чест и одговорност. Се надевам дека оваа година што доаѓа ќе биде успешна за тимот и ќе постигнеме одлични резултати“, – изјави Елмир Граџан.
(фото – Рк Олимпијакос)📷