Екипата на Чаир донесе квалитетно име на голманската позиција и потпиша со македонската кадетска и младинска репрезентативка Ема Кирова.
Младата голманка имаше забележителни партии на Европското младинско првенство во Романија.
Добрите настапи на Кирова беа наградени и со сениорски повик, па така голманката беше во комбинација за квалификациските натпревари против Азербејџан и Литванија.
Од таборот на Чаир за следниот период најавија уште неколку засилувања, а поголемиот број ракометарки од ланскиот ростер ги продолжија договорите.

(фото – ЖРК Чаир)📷