Емилијан Ѓорговски: Сега сме пред првиот историски настап на Ф4 во СЕХА лигата

Екипата на Еурофарм Пелистер за прв пат ќе учествува на Ф4 турнирот во СЕХА лигата што ќе се одигра во Задар.

Левиот бек на Еурофарм Пелистер, Емилијан Ѓорговски со своја изјава за настапот на Ф4 турнирот.

“Ги почнав подготовките со Еурофарм Пелистер и продолжив со нив. Напорно трениравме во Маврово, турнирот во Струга го минавме одлично и така продолживме. Добив минутажа против Мешков Брест и одиграв максимално колку што можам. Ја остваривме целта и сега сме пред првиот историски настап на Ф4 во СЕХА лигата во Задар. Се гледа дека во тимот има повеќе хармонија, дружељубивост и борбеност. Веспрем е великан, бранител на СЕХА-титулата. Ќе дадеме максимум и ќе се бориме да го добиеме тој натпревар”, – изјави Емилијан Ѓорговски.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.