Тимот на Пик Сегед од Унгарија, го потврди норвешкиот голман Емил Имсгард, кој доаѓа од Елверум.
Емил Имсгард и екипата на Пик Сегед потпишаа тригодишен договор. Имсгард ќе му прави друштво на Роланд Миклер.
“Се чувствувам многу почестен што ми се укажа таква можност и што можам да ја продолжам кариерата во таков фантастичен клуб. Кога првпат го запознав ПИК Сегед, ми се допадна тимот и атмосферата што го опкружува ракометот во Сегед. Знам дека ќе дадам се на теренот и ќе направам се за да постигнам успех заедно со фантастичната навивачка база”, – изјави Емил Имсгард.

(фото – Рк Пик Сегед)📷