Есад Дрпљанин го засили тимот на Тинекс Пролет

Тинекс Пролет го заокружи ростерот за вториот дел од оваа натпреварувачка сезона откако потпиша договор со Есад Дрпљанин.

Активностите во почетокот од новата година кога станува збор за ангажманот на нови ракометари завршија токму со потписот на Дрпљанин, 23-годишен ракометар кој настапува на позицијата лево крило.

Негов последен клуб беше Голден Арт, а Дрпљанин претходно во кариерата ги има брането и боите на Бутел.

Тој е последен од низата засилувања што Тинекс Пролет ги доведе на почетокот од оваа календарска година, откако во претходните денови договори со клубот потпишаа и Никола Стоилевски, Стефан Атанасовски, Стефан Јовевски и Јован Фичорски.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *