Рк Еурофарм Пелистер ја реализира својата хумана акција која предизвика голем интерес и хуман одговор од нивните симпатизери и навивачи. Ракометарите и членовите на клубот ги поделија мечињата во Домот за доенчиња, Заводот за децата со оштетен слух, говор и глас „Кочо Рацин“, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ и детската градинка „Снегулка“ во Битола. Од клубот велат дека и во иднина ќе реализираат хуманитарни акции и со своите дела ќе ги потенцираат вистинските вредности во животот.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷