Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за пролетниот дел од Супер лигата (ФОТО)

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ги започна подготовките за вториот дел на сезоната 2024/25.

Без осум репрезентативци, кои ќе настапат на Светското првенство, но со неколку членови на Еурофарм Пелистер 2 вчера беше одработен првиот тренинг. Деновиве следуваат тестови и тренинг сесии во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Македонските репрезентативци: Митревски, Кузмановски, Пешевски, Петар и Павле Атанасијевиќ и Костески, Тунижанецот Хосни и Словенецот Цехте ќе се приклучат штом ќе им завршат активностите на Светското првенство во Хрватска, Норвешка и Данска.

Вториот дел од подготовките, од први февруари, екипата на Еурофарм Пелистер ќе го реализира во Стара Пазова (Србија). Првиот официјален натпревар во 2025 година е на 8 февруари против Куманово на домашен терен.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷



Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *