Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа победа на домашен терен против екипата на Бутел Скопје со 34-25 во натпревар од Супер лигата.
Составот на Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот го имаше водството, па на крај заслужено славеше победа против Бутел Скопје.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со 10 гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Драган Шолиќ со 6 гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷