Еурофарм Пелистер ги почна подготовките за пролетниот дел

Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел на сезоната. Жељко Бабиќ го одржа првиот тренинг, на кој присуствуваа ракометарите кои не се дел од Европското првенство.

На Европското првенство од Еурофарм Пелистер ќе играат Марко Кизиќ, Гоце Ојлески, Бојан Маџовски, Мартин Велковски, Ненад Костески, Мирко Радовиќ, Јосип Периќ, Мартон Секељи. Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, Павле Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски, Иван Димитровски, Филип Арсеновски и Никола Стоилевски во првиот дел на подготовките ќе тренираат со екипата на Еурофарм Пелистер.

Вицешампионот ќе се подготвува во Битола до 23 јануари, а потоа ќе замине во Хрватска на зимска мини-турнеја.

Контролни натпревари на Еурофарм Пелистер:

24 јануари: Целје Пивоварна Лашко – Еурофарм Пелистер

26 јануари: Сесвете – Еурофарм Пелистер

28 јануари: ППД Загреб – Еурофарм Пелистер

„Како и секогаш имате позитивни и негативни работи кога почнуваат зимските подготовки. Среќен сум што нашите играчи играат за своите репрезентации и длабоко сум уверен дека добро ќе се презентираат. Од друга страна како тренер би сакал да сме сите заедно и да можеме да тренираме, бидејќи ни следи напорна втора полусезона, во која треба да ги браниме добрите резултати од есенскиот дел. Ќе мора да ги убрзаме процесите да бидеме спремни за почетокот на февруари и официјалните натпревари.”- изјави Жељко Бабиќ.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести