Еурофарм Пелистер ги почна подготовките за новата сезона

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утрово со редовните тестови и попладнево со првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ја почнаа новата сезона 2022/23.

На стартот Ларс Валтер и неговиот стручен штаб работеа со осумнаесет ракометари, а Усама Хосни (настапи на Купот на Африка) ќе се приклучи в понеделник на втората фаза на подготовки во Маврово.

Од почетокот на сезоната 2022/23 ракометарите Павле Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски се приклучени кон тимот на Еурофарм Пелистер по две успешни сезони во Еурофарм Пелистер 2.

План на подготовки за јули и август:

20 јули – почеток на подготовки во Битола

25 јули – 2 август – централна фаза на подготовки во Маврово

Контролен натпревар: Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2

16-20 август – Струшки ракометен турнир 2022

25 август – СЕХА лига (четвртфинале) – Еурофарм Пелистер – Мешков Брест

28 август – Суперкуп на Македонија – Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.