Екипата на Еурофарм Пелистер го доби дерби дуелот со Алкалоид во Автокоманда со резултат 28-27 во натпревар од плеј-офот од Супер лига.
Во текот на целиот натпревар двете екипи го менуваа водството, но на крај подобра беше екипата на Еурофарм Пелистер.
Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Хосни, Василев и Хенеберг со по шест гола, додека кај екипата на Алкалоид најефикасни беа Митев и Симоноски со по пет гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷