Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер го надигра Спортинг во Битола!

Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада Спортинг на домашен терен со 31-25 во натпревар од Лигата на Европа, и пристапи кон врвот на табелата.

Од почетокот на првото полувреме Еурофарм Пелистер имаше контрола на резултатот и на играта. На полувреме домашната екипа замина со водство од еден разлика 14-13. Во вториот дел Еурофарм Пелистер тргна добро во нападот и одбраната, Спортинг се обидуваше да возврати но немаше сили и мораше да се задоволи со пораз во Битола.

Најефикасен во Еурофарм Пелистер беше Јосип Периќ со седум погодоци, додека кај Спортинг најефикасен беше Салвадор со шест погодоци.

Еурофарм Пелистер 31-25 Спортинг

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.