Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со Ненад Костески

Десното крило Ненад Костески го продолжи договорот со битолскиот тим Еурофарм Пелистер.

Соработката е продолжена до 2025 година. Костески во Еурофарм Пелистер пристигна пред три сезони од екипата на ППД Загреб.

“Ова ми е трета сезона тука, задоволен сум и се гледа голем напредок во оваа екипа. Клубот од година во година расте и тоа беше главна причина што го продолжив договорот. Се надевам на големи успеси и враќање на титулите во Купот и во домашното првенство во Битола. Наскоро ќе ја дознаеме групата во Европската лига, сите ја очекуваме. Ќе биде тешко, но ние имаме тим и капацитет, па се надевам дека ќе ја минеме групната фаза и ќе продолжиме понатаму”, – изјави Ненад Костески.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.