Еурофарм Пелистер го совлада Вардар и го освои Супер Купот

Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Вардар со минимални 28-27 и го освои Супер Купот на Македонија.

Иако на полувреме Вардар имаше водство од 13-12, сепак во второто полувреме Еурофарм Пелистер со добра игра успеа да слави победа.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Усама Хосни со десет гола, додека кај Вардар најефикасен беше Харуки Кавада со шест гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *