Екипата на Еурофарм Пелистер оствари минимална победа против Вардар со 24-23 во плеј-офот во Супер лигата.
Од почетокот на натпреварот битолчани го имаа водството, и на полувреме заминаа со предност од 12-11. Во вториот дел Вардар успеваше да се врати но не доволно за пораз од Еурофарм Пелистер.
Најефикасен во екипата на Вардар 1961 беше Тимур Дибиров со шест гола, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер најефикасен беше Реиние Табоада исто така со шест гола.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷