Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа тимот на Вардар 1961 со конечен резултат 26-23.
Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот имаше водство, па на пауза замина со предност од 13-12. Во второто полувреме Вардар 1961 се обидуваше да се врати, но Еурофарм Пелистер не го дозволи тоа, па така стигна до победа.
Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Хосни и Костески со по шест гола, додека кај Вардар 1961 најефикасен беше Талески исто така со шест гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷