Еурофарм Пелистер го совлада Куманово, Голден Арт подобар од Тинекс Пролет во Купот

Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада Куманово со конечен резултат од 40-21 и се пласираше во наредната фаза од Купот на Македонија.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Цветан Кузманоски со десет гола, додека кај Куманово најефикасен беше Наум Костов со седум гола.

Тимот на Голден Арт триумфираше против Тинекс Пролет со високи 32-22 во Купот на Македонија и се пласираше во наредната фаза.

Најдобар стрелец кај Голден Арт беше Христијан Милошески со седум гола, додека кај екипата на Тинекс Пролет најдобар стрелец беше Ласко Андоновски со пет гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести