Екипата на Еурофарм Пелистер триумфираше на гостувањето во Скопје кај екипата на Металург со резултат 38-25.
Металург се обидуваше да го стигни Еурофарм Пелистер но не успеа, па затоа на полувремето екипата на Еурофарм Пелистер имаше водство од 21-11. Во продолжението од второто полувреме Еурофарм Пелистер продолжуваше да го зголемува водството за на крај да си замини со победа и нови три бода во Суперлигата.
Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер беше левото крило Бојан Маџовски со пет погодоци, додека кај екипата на Металург најефикасен беше десното крило Златко Хорват со седум погодоци.
Рк Металург 25-38 Рк Еурофарм Пелистер
(фото-Gol.mk)