Еурофарм Пелистер го совлада Нексе Нашице и се закити со бронза во СЕХА лигата

Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада Нексе Нашице со резултат 27-23 во натпревар за 3. место на Ф4 турнирот во СЕХА лигата.

Во првото полувреме Нексе Нашице го презеде водството и на пауза замина со предност од 12-13. Во второто полувреме тимот на Еурофарм Пелистер успеа да се врати и на крај да слави против Нексе Нашице.

Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер беше Усама Хосни со шест погодоци, додека кај екипата на Нексе Нашице најефикасен беше Лука Мославац со четири погодоци.

(фото-Сеха Лига)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.