Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против Охрид со 29-22 во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер и на полувреме имаше предност од 14-11. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Еурофарм Пелистер, па на крај да триумфира против Охрид.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со 10 гола, додека кај Охрид најефикасен беше Гал Цирар со 6 гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷