Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа на гостувањето кај екипата на Охрид со резултат 26-23 во плеј-офот од Супер лигата.
Иако во текот на целиот натпревар беше драматично и неизвесно, сепак на крај Еурофарм Пелистер успеа да го надигра Охрид.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со 12 гола, додека кај Охрид најефикасен беше Рудолф Сафранко со седум гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷