Еурофарм Пелистер го совлада Охрид и обезбеди место на Ф4 турнирот во Купот на Македонија

Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Охрид со 32-25 и обезбеди место на Ф4 турнирот во Купот на Македонија.

Тимот на Еурофарм Пелистер од почетокот на натпреварот имаше водство, па така на крајот стигна до победа против Охрид.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со осум гола, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Гал Цирар со шест гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.