Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Скопје 2020 со убедливи 32-17 во 18. коло од Супер лигата.
Екипата на Скопје 2020 добро парираше на Еурофарм Пелистер во првото полувреме, но битолскиот тим на полувремето замина со минимално водство од 13-14. Во вториот дел битолскиот тим направи добра серија за на крај да извојува убедлива победа.
Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Ненад Костески со шест погодоци, додека кај Скопје 2020 најефикасен беше Александар Василевски со три погодоци.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷