Ракометарите на Еурофарм Пелистер остварија победа на гостувањето кај екипата на Бутел Скопје со 17-26.
Еурофарм Пелистер на пауза замина со предност од 9-12. Во второто полувреме продолжи добрата игра на битолчани за на крај да остварат победа кај екипата на Бутел Скопје.
Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Јосип Божиќ Павлетиќ со седум погодоци, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Јовица Младеновски со четири погодоци.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷