Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против екипата на Тиквеш со високи 35-25 во плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер и на полувреме имаше предност од 18-14. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер продолжи со добрата игра, па на крај да слави победа против Тиквеш.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Богдан Радивојевиќ со седум гола, додека кај Тиквеш најефикасен беше Срѓан Мијатовиќ со пет гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷