Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против екипата на Алкалоид во дерби натпревар со резултат 30-28 во 3. коло од плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер го имаше водството во текот на целиот натпревар. Иако тимот на Алкалоид се обидуваше да се врати и да направи предност, сепак загуби од Еурофарм Пелистер.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со осум гола, додека кај Алкалоид најефикасен беше Мартин Серафимов со девет гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷