Екипата на Еурофарм Пелистер го совлада тимот на Олимпијакос во финалето со резултат 30-27, и го освои турнирот “Крсте Андоновски – Усташ”.
Во натпреварот за 3. место екипата на Татран Прешов славеше против Охрид на пенали со 33-32, а регуларниот дел заврши 30-30.
Металопластика ја совлада екипата на Бешикташ со 32-29 и го освои 5. место на турнирот во Охрид.
Тимот на Голден Арт беше поуспешен од составот на Бутел Скопје со конечни 21-18 и го освои 7. место на турнирот во Охрид.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷