Екипата на Еурофарм Пелистер е старо-нов шампион во Супер лигата, откако на гостински терен го совлада Вардар со 32-30.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер се шампиони по третпат на Македонија, односно трипати со ред ја освојуваат Супер лигата.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со седум гола, додека кај Вардар најефикасен беше Вуко Борозан со осум гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷