Екипата на Еурофарм Пелистер забележа висока победа против Јуниор Кисела Вода со резултат 38-20 во Супер лигата.
Битолскиот тим на полувреме замина со предност од 19-11. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер немаше никакви проблеми да дојде до победа против Јуниор Кисела Вода.
Најефикасен кај екипата на Еурофарм Пелистер беше Хенеберг со седум гола, додека кај екипата на Јуниор Кисела Вода најефикасен беше Дарио Симоноски со шест гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷