Еурофарм Пелистер забележа победа против Мотор Запорожје

Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа против тимот на Мотор Запорожје со резултат 33-30 во Лигата на Европа.

Еурофарм Пелистер добро го започна натпреварот, па на полувреме обезбеди предност од 18-16. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер продолжи со водството, за на крај да го совлада Мотор Запорожје.

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Хенеберг со 14 погодоци, додека во тимот на Мотор Запорожје најефикасен беше Турченко со 7 погодоци.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.