Еурофарм Пелистер забележа убедлив триумф против Голден Арт

Тимот на Еурофарм Пелистер забележа убедлив триумф против екипата на Голден Арт со високи 38-21 во натпревар од Супер лигата.

Еурофарм Пелистер и на полувреме имаше висока предност од 17-10. Второто полувреме беше формалност за тимот од Битола да ја завери победата против составот на Голден Арт.

Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер беше Емилијан Ѓорговски со осум голови, додека кај екипата на Голден Арт најефикасен беше Мице Шилегов со шест голови.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.