Екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето во Унгарија кај екипата на Татабања со 25-21 во натпревар од Лигата на Европа.
Во првото полувреме се играше гол за гол, па двете екипи на полувреме заминаа со нерешен резултат од 11-11. Во вториот дел продолжи играта гол за гол, но на крај екипата на Татабања успеа да слави против Еурофарм Пелистер.
Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер беше Стипе Мандалиниќ со десет погодоци, додека кај екипата на Татабања најефикасен беше Стефан Сунајко со осум погодоци.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷