Екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај екипата на Веспрем со конечен резултат од 33-26 во Лигата на шампионите.
Тимот на Веспрем од почетокот на натпреварот имаше сигурна контрола на резултатот, за на крај да слави победа против Еурофарм Пелистер.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Кузмановски со шест гола, додека кај Веспрем најефикасен беше Косоротов со седум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷