Екипата на Еурофарм Пелистер беше поразена од екипата на Барселона со високи 55-28 и го освои 4. место во младинската Лига на шампионите.
Тимот на Барселона во текот на целиот натпревар го имаше водството, па на крај да слави висока победа против Еурофарм Пелистер.
Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер беа Алем Хаџиќ со десет погодоци и Симоновски со шест погодоци.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷