Екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај Висла Плоцк со резултат 36-25 во Лигата на шампионите.
Иако тимот на Еурофарм Пелистер во првите неколку минути се држеше добро, сепак во второто полувреме немаше сили, па на крај загуби од Висла Плоцк.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со седум гола, додека кај Висла Плоцк најефикасен беше Мелвин Ричардсон со осум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








