Еурофарм Пелистер загуби од Војводина во СЕХА лигата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија на гостувањето кај екипата на Војводина со 29-24 во 1. коло од СЕХА лигата.

Екипата на Војводина добро го започна натпреварот, но двете екипи на полувреме заминаа со нерешени 14-14. Во второто полувреме Војводина направи предност, па до крајот на натпреварот ја сочува предноста за победа против Еурофарм Пелистер.

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Ненад Костески со седум гола, додека кај екипата на Војводина најефикасен беше Борис Пуховски со четири гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.