Екипата на Еурофарм Пелистер загуби од екипата на ГОГ Гудме со резултат 31-28 во 3. коло од Лигата на шампионите.
На полувреме беше нерешено со резултат 14-14. Во второто полувреме ГОГ Гудме со добра игра го презеде водството, иако тимот на Еурофарм Пелистер се обидуваше да се врати сепак на крај загуби.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Дејан Манасков со девет гола, додека кај екипата на ГОГ Гудме најефикасен беше Бјере со 13 гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷