Екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај екипата на Нексе од Нашице со конечни 29-25 во СЕХА лигата.
Тимот на Нексе од почетокот на натпреварот го презеде водството, па на полувреме замина со предност од 15-12. Во второто полувреме Нексе продолжи со водството, па на крај да го совлада Еурофарм Пелистер.
Најефикасен во составот на Нексе беше Иван Сршен со шест погодоци, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер најефикасен беше Мирко Радовиќ со пет погодоци.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷