Еурофарм Пелистер загуби од ППД Загреб и го освои 6. место на турнирот во Добој

Екипата на Еурофарм Пелистер загуби од составот на ППД Загреб со резултат 26-24, и го освои 6. место на турнирот во Добој.

Тимот на ППД Загреб од почетокот на натпреварот беше во водство, исто така и на пауза замина со предност од 16-13. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер се обидуваше да се врати, но не доволно за победа.

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Кузманоски со осум гола, додека кај екипата на ППД Загреб најефикасни беа Чупиќ и Кос со по шест гола.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.