Екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето во Данска кај екипата на Скандерборг Архус со резултат 24-22 во Лигата на Европа.
Битолскиот тим добро се снаоѓаше во првото полувреме, па на полувреме се замина со нерешен резултат од 11-11. Во второто полувреме екипата на Архус успеа да направи пресврт и да го совлада тимот на Еурофарм Пелистер.
Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Жарко Пешевски и Мирко Радовиќ со по четири погодоци, додека Урбан Лесјак имаше 11 одбранети удари.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷