Екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај екипата на Спортинг Лисабон со резултат 30-24 во Лигата на шампионите.
Во првото полувреме Еурофарм Пелистер добро парираше, но во второто полувреме Спортинг Лисабон направи водство, па на крај да слави победа.
Најефикасни во составот на Еурофарм Пелистер беа Филип Кузмановски со шест погодоци и Усама Хосни со пет погодоци.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷